сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Погледнете како беше нападнат судијата Тејлор од навивачите на Рома, неговата ќерка во солзи (ВИДЕО)

Погледнете како беше нападнат судијата Тејлор од навивачите на Рома, неговата ќерка во солзи (ВИДЕО)

Ден по финалниот натпревар, на аеродромот „Франц Лист“ во Будимпешта се случи незаборавен скандал.

Голем дел од навивачите на римскиот гигант го обвинија англискиот судија Ентони Тејлор за поразот во големото финале, не досуди пенал за избраниците на Жозе Мурињо во финишот на мечот кога по центаршутот на Немања Матиќ топката удри во раката на Фернандо.

Имено, навивачите на Рома го нападнале Тејлор кој бил во друштво со сопругата и ќерката. Се обиделе физички да се пресметаат со него, а кога не успеале почнале да фрлаат по него со столчиња, шишиња и се што ќе најдат. Ќерката на Тејлор заврши во солзи, навистина непријатна сцена.