недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Ц.Звезда не игра во финалето од АБА лигата!

Ц.Звезда не игра во финалето од АБА лигата!

Само неколку часа откако АБА го објави распоредот за финалните натпревари од плејофот, стигна очекуваното соопштение од Кошаркарскиот клуб Црвена Звезда.

Не е никакво изненадување она што пишува во него бидејќи белградскиот клуб и пред три дена најави вакво сценарио.

„КК Црвена Звезда ја известува јавноста по срамното соопштение на АБА со термините за финалните натпревари – дека нема да го игра финалето од АБА лигата чиј почеток е закажан за 12 јуни 2023 година.

Клубот останува при својата одлука, како што беше наведено во соопштението од 31 мај дека НЕМА ДА ГО ИГРА ФИНАЛЕТО ДОДЕКА НЕ СЕ ЗАВРШИ ФИНАЛЕТО ОД СРПСКОТО ПРВЕНСТВО! Бидејќи АБА лигата со закажувањето на термините во време на одигрувањето на финалната серија од првенството на Србија (12.06-22.06) покажа колку е под влијание на еден клуб и луѓето кои со своето делување ја компромитираат и сакаат да ја освојат титулата надвор од теренот, КК Црвена Звезда е должен да ја извести јавноста како дошло до закажување на овие теремини кој е можен крај на АБА лигата како натпреварување.

Ние знаеме дека спортскиот директор на АБА, Милија Војиновиќ ги одредил овие термини по големиот притисок во четвртокот и петокот и во директен договор со Зоран Савиќ, истиот тој што ревносно го ‘тужакаше’ нашиот клуб во Евролигата во текот на оваа сезона. Ние не прифаќаме, ниту ќе се појавиме на теренот на 12.06, како ни на 14.06.2023 година“, пишува, меѓу другото, во соопштението од Црвена Звезда.

Интересно е тоа што Црвена Звезда го обвинува Партизан за некакво местење на календарот, а „црно-белите“ уште не се пласирале во финалето затоа што им претстои „мајсторка“ против Олимпија во вторник. Нејасно е дали оваа одлука на Звезда ќе важи ако словенечкиот тим успее да дојде до серијата за титулата. Во таков случај, Звезда ќе ја има и предноста на домашен терен, за разлика од евентуален пласман на Партизан кој го освои првото место во основниот дел од сезоната.