сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

“Летал” со 227 км/час на автопатот Скопје-Тетово (Фото)

“Летал” со 227 км/час на автопатот Скопје-Тетово (Фото)

Денеска (4 јуни) од 15 до 21 часот на тетовско-гостиварското подрачје спроведена е уште една од серијата акциски контроли за брзина со која се движат возилата, посебно на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје.

При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 94 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-66 и ГВ-28).Осум од нив (ТЕ-5 и ГВ-3) биле за над 70 километри повеќе од максималната брзина, меѓу кои двајца возачи на автопатот Скопје-Тетово се движеле со 214 и 227 километри на час.

Дваесет и едно возило пречекорило од 50 до 70 километри на час (ТЕ-10 и ГВ-11) и така натаму.

При контролата санкционирано е 1(ТЕ) пречекорување на пропишаната брзина во населено место и 8 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци.

На сите возачи-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со предвидените парични глоби, а некои и со времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година.

СВР Тетово со апел до возачите да не возат пребрзо, зашто најголемиот број и од годинашните сообраќајни несреќи се резултат на неприлагодена брзина според условите на патот и пред се оние со најтешки последици.