четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тонали откри кога Ибрахимовиќ им кажал за пензионирањето, па порача: Не бевме подготвени за ова (ВИДЕО)

Тонали откри кога Ибрахимовиќ им кажал за пензионирањето, па порача: Не бевме подготвени за ова (ВИДЕО)

Милан славеше над Верона со 3-1 во последната средба за оваа сезона во Серија А со што истата ја заврши на четвртата позиција што значи обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

Меѓутоа овој триумф падна во сенка на збогувањето на Златан Ибрахимовиќ со клубот, но и воедно со фудбалот затоа што напаѓачот решил дека е време за ги закачи копачките на клин. Ова беше одлука која дефинитивно ја изненади јавноста, но и одлука која од која беа изненадени од играчите кои дознале еден ден претходно, ама не можеа да ги сокријат емоциите на „Сан Сиро“.
-Вчера дознавме за пензионирањето и не беше лесно да се подготвиме психички, -истакна Сандро Тонали кој беше еден од најемотивните.

-Моравме да се подготвиме за натпреварот. Видов многу луѓе како плачат. Ќе ги гледам овие слики многу пати. Беше тешко по натпреварот, не бевме подготвени. Тој ми даде толку многу. Енергијата е збор за продолжување на сè. Со неговата желба за победа, тој ќе полудеше и ако загубеше натпревар на тренинг. Ова ќе остане засекогаш во сите. Беше посебен играч.

-Мислам дека не бевме подготвени за ова. Тој знае дека остава важно наследство. Ќе разговарам подоцна со него, -додаде Италијанецот.