четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повреден пешак во Велес

Тешко повреден пешак во Велес

На 05.06.2023 околу 06:05 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Борис Трајковски“ во Велес, патничко возило „дачиа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(62) од Делчево, со живеалиште во с.Раштани, велешко, удрило во Д.С.(25).

Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Велес.