недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Притвор за српски новинар поради обесена кукла со ликот на Вучиќ

Притвор за српски новинар поради обесена кукла со ликот на Вучиќ

Здружението на новинари на Србија објави дека на новинарот Бошко Савковиќ му е одредена мерка притвор од 30 дена, поради сомнение дека сторил кривично дело повикување на насилно уривање на уставниот поредок и безбедноста, кога, според обвинителството, носел трансапрент и обесена кукла со ликот на Александар Вучиќ на протестот „Србија против насилството“.

Ќерката на новинарот во изјава за медиумите негираше дека куклата ја поставил нејзиниот татко.

-Се собравме 15 души на споменикот. Транспарентот беше цело време, а на сликите се појавува и кукла. Очекуваме да видиме што ќе се случи. Транспарентот е се уште кај нас. Го виделе инспекторите кои дојдоа. Но, ние немаме врска со куклата, изјави ќерката.