понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Серхио Љуљ доби признание од колегите во Евролигата

Серхио Љуљ доби признание од колегите во Евролигата

Здружението на играчи од Евролигата (ELPA) ги додели признанијата за изминатата сезона во која триумфираше шпанскиот гигант Реал Мадрид, а една од главните награди отидоа на адреса на извонредниот Серхио Љуљ.

Шпанскиот репрезентативец ја доби наградата за „најдобар играч во клучни моменти“, со што се потврдува дека неговата „тројка“ во финалето со Олимпијакос беше клучна за освојување на титулата.

Серхио Љуљ упати неверојатно прецизен шут, а токму овие поени на крајот се покажаа и како клучни за огромната победа.