вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведени крадци во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

Приведени крадци во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

На 06.06.2023 околу 23.45 часот на бул.„АСНОМ“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево ги лишиле од слобода Е.К.(31) и Н.К.(24),двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека на истиот булевар со употреба на сила и алат отвориле возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки и од него одзеле предмет, а се обиделе да го одземат и возилото.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Исто така, по преземени мерки било констатирано дека двајцата биле на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Идризово и до 09.06.2023 користеле отсуство.