Овните фантазираат, Биковите и Близнаците се нервозите, Раковите смирени, Јарците непријатни.
Ова е хороскопот за 4 август.
Овен
Работа – Ова е поволен ден за иновации кои доаѓаат во рамки на работата. Во поголема мера сте заинтересирани да се занимавате со работа и за викенд.
Љубов –Малку сте резервирани кон личноста која ви се допаѓа. Таа ве доживува на сосема поинаков начин отколку што очекувавте.
Здравје – Одете на преглед.
Бик
Работа – Работната стратегија која ја имате подолго време не дава резултати. Морате да останете доследни на работата, но и на колегите.
Љубов – Имате зголемена тензија во љубовта. Тоа доаѓа и од мешањето на вашите пријатели во тоа што ви се случува. Бидете отворени за нови можности.
Здравје – Добро.
Близнаци
Работа – Се соочувате со зголемена тензија која фаќа се поголем замав. Соберете се и почнете да ги решавате проблемите.
Љубов – Заинтересирани сте за личност која одамна ја познавате.
Здравје – Тензија и стрес.
Рак
Работа – Доколку се занимавате со приватен бизнис не е лоша идеја да обрнете внимание на повеќе детали кои ви изгледаат дури и неважни. Бидете свесни за ситуацијата во која се наоѓате.
Љубов – Го сакате својот партнер и не сакате да го изгубите, но исто така сте свесни и за проблемите. Немате причина за паника.
Здравје – Стомачен вирус.
Лав
Работа – Фаќате одличен залет во однос на работата, продолжете така.
Љубов – Создавате лоша слика за себе кога имате една Шкорпија во близина.
Здравје – Стрес.
Девица
Работа – Денес ќе започнете одличен работен ангажман. Имате доволно трпение и не сакате да се занимавате со непотребни проблеми.
Љубов – Се зголемува тензијата меѓу вас и партнерот. Сакате да донесете голема одлука.
Здравје – Не е лошо.
Вага
Работа – Покажувате голема доза на позитивна енергија и не сакате да се занимавате со мислењето на другите.
Љубов – Седнете и разговарајте и не го игнорирајте тоа што го има саканата личност да ви го каже.
Здравје – Без поголеми тегоби.
Шкорпија
Работа – Немањето почит од страна на колегите е нешто што многу ви пречи.
Љубов – Можно е да се јават проблеми, но како и секогаш ќе имате свои изговори.
Здравје – Подобрете го имунитетот.
Стрелец
Работа – Работите може да се искомплицираат, но за вас важно е да останете смирени и отворени кон нови можности.
Љубов – Сте имале и полоши денови, но ова не е по вина на партнерот. Пробајте отворено да се поставите.
Здравје – Солидно.
Јарец
Работа – Не сте свесни за своите потреби, колку што сте загрижени за сопствениот интегритет. Имате одредена доза на негативна енергија која им ја пренесувате и на другите.
Љубов – Подолго време чувствувате тензија кон партнерот која нема да можете да ја надминете уште некое време.
Здравје – Издржливи сте.
Водолија
Работа – Важно е да работите повеќе доколку сакате да го постигнете тоа што го размислувате одамна. Вие имате одлични идеи ама сте малку мрзливи.
Љубов – Никој не ве поддржува во ставовите. Партнерот ви дава поддршка.
Здравје – Подобрете го имунитетот.
Риби
Работа – Трпеливи сте и вредни, но немате добар однос со колегите.
Љубов – Се соочувате со мали проблеми, кои можат да се решат со разговор. Партнерот ви е најдобар пријател.
Здравје – Внимавајте во сообраќајот.