НБА тимот на Феникс го извести Крис Пол дека ќе ја прекине соработката со него. Искусниот 38-годишен плејмејкер претстојното лето ќе биде слободен агент.
Санс има право да го задржи Пол уште една година за 30,8 милиони долари, но, најверојатно, ќе се откаже од таа опција.
За да се ослободат од неговиот договор, ќе мора да му платат 15,8 милиони долари, освен ако не најдат друг начин да се разделат како, на пример, размена.
Пол ги помина претходните три сезони со Санс, со кој стигна до финалето на НБА во 2021 година.