петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Во Скопје казнети 165 возачи

Во Скопје казнети 165 возачи

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (08.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 165 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум мерки за непочитување на првенство на минување, пет санкции за непрописно престројување на возила… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.