понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

АВТОМОБИЛ СЕ ПРЕВРТИ НА КРОВ ВО ТУНЕЛ – автопатот Гевгелија – Неготино во прекин, еве ги деталите! (ФОТО)

АВТОМОБИЛ СЕ ПРЕВРТИ НА КРОВ ВО ТУНЕЛ – автопатот Гевгелија – Неготино во прекин, еве ги деталите! (ФОТО)

Возило излетало од патот кај тунелот Т1 на делницата Гевгелија – Неготино, информацијата утрово ја потврди за МИА, Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

– Денеска во 08.40 часот на автопатот А1, кај тунелот Т1 на делницата Гевгелија – Неготино, патничко возило „фолксваген“ со неготински регистарски ознаки, управувано од 47-годишната Т.П.П., изгубило контрола и излетало од патот. Увидот е во тек, појасни Самарџиев за МИА.

Според првични информации, едно лице е тешко повредено во сообраќајката.

Поради сообраќајката во прекин е сообраќајот на овој патен правец.

Најнови вести