четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Српски тренер седнува на клупата на Торонто Репторс

Српски тренер седнува на клупата на Торонто Репторс

Дарко Рајаковиќ е пред ангажман од страна на Торонто Репторс во НБА лигата лигата. Канадската гордост во најсилната кошаркарска лига на светот во потрага за алтернатива на Ник Нурс налета на српскиот стручњак.

Според угледните медиуми во Соединетите Американски Држави, зделката е пред финализирање и остануваат уште најмали детали и официјална промоција.

Така, Рајаковиќ ќе стане вториот Србин кој водел НБА екипа, откако претходно Игор Кокошков беше тренер на Феникс Санс.

Рајаковиќ во НБА лигата е од 2014 година, работејќи како помошник во неколку екипи. Пет сезони мина во Оклахома, па заедно со Кокошков работеше во Феникс. Последните три години тој е асистент во Мемфис Гризлис, а сега е пред својот прв самостоен ангажман на клупата на Торонто.