недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Арон Гордон излезе низ улиците на Денвер и лудуваше со навивачите! (ВИДЕО)

Арон Гордон излезе низ улиците на Денвер и лудуваше со навивачите! (ВИДЕО)

Еден од најзаслужните за шампионската титула на Денвер нагетс, Арон Гордон, имаше своја лична, необична прослава на успехот.

Крилото на Нагетс се појавило низ улиците на Денвер, во лимузина, со пура во устата, полуизлезен од прозорот. Бргу се собрале фанови и го скандирале неговото име, а тој се приклучил на забавата.

Потоа излегол и од возилото и заедно со луѓето парадирал низ улиците на Денвер. Тој постигнуваше 14 поени во просек во финалната серија со Мајами, а брилираше во четвртиот натпревар со 27.