вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчестер Сити ја одби понудата на ПСЖ

Манчестер Сити ја одби понудата на ПСЖ

Манчестер Сити ја одби понудата на Пари Сен Жермен за играчот од средниот ред Бернардо Силва, објави „Footmercato“.

Парижаните биле подготвени во зделката да го вклучат голманот Џанлуиџи Донарума или играчот од средниот ред Марко Верати, но таквите услови не му одговарале на Сити.

Во сезоната 2022/23, Силва одигра 55 натпревари на кои постигна седум голови и осум асистенции.

Порталот Трансфермаркт го цени играчот на 80 милиони евра.