четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Казнети 137 возачи за брзо возење

Казнети 137 возачи за брзо возење

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 137 возачи.

Од нив, како што соопшти денеска МВР, четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 87 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 50 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.