четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведени две лица- краделе во Тетово, а при лишувањето физички ги нападнале полицајците

Приведени две лица- краделе во Тетово, а при лишувањето физички ги нападнале полицајците

На 13.06.2023 околу 04.15 часот на улица „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода М.Н.(53) од тетовско Желино и А.Н.(49) од тетовско Џепчиште.

Тие биле затекнати при обид да извршат кражба од плац на фирма во Тетово, а при лишувањето физички ги нападнале полициските службеници.

Двајцата биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени поднесоци.