петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Белингем ја одбра „петката“ на Зидан и порача: Не сум сметководител, не ме интересира колку Реал плати за мене

Белингем ја одбра „петката“ на Зидан и порача: Не сум сметководител, не ме интересира колку Реал плати за мене

Џуд Белингем попладнево беше промовиран како нов фудбалер на Реал Мадрид, Англичанецот го одбра дресот со број 5 кој во минатото го носеше легендарниот Зинедин Зидан.

19 годишниот Џуд Белингем е новиот „галактико“ на Флорентино Перез, Реал Мадрид синоќа го комплетираше трансферот вреден 103+34 милиони евра, па Англичанецот денеска се појави пред медиумите.

„Задоволство е да се биде тука, Реал е најголемиот клуб во историјата, не му се укажува шанса на секого да заигра тука. Благодарен сум им на луѓето кои ме донесоа и ми дадоа прилика да го облечам белиот дрес“ – вели Белингем.

Тој го одбра број 5, кој во минатото го носеше легендарниот Зинедин Зидан.

„Најпрво сакам да му се заблагодарам на Ваљехо што ми го отстапи бројот, разговаравме и не правеше проблеми. Се работи за одлично момче, навистина сум му благодарен“.

„Го обожавам Зидан многу, неговoто наследство во овој клуб и со овој дрес. Ме инспирира овој број, чест и задоволство е да се носи „5та“. Сепак, јас сум малку поинаков профил на фудбалер“.

За високата сума која Реал Мадрид ја плати, тој вели: „Знам дека платија многу, но сумата не ме загрижува. Не сум сметководител, ниту пак адвокат, јас сум фудбалер и дојдов да играм фудбал“.