Мајкл Џордан пред точно 25 години погоди еден од најпознатите шутеви во историјата на кошарката. Патиките во кои го одигра шестиот меч од серијата против Јута Џез му ги подари на собирач на топки.
Тој човек се вика Престон Труман. Патиките на Џордан кај него беа 15 години. Тие се автентични. Има и фотографија од моментот кога лидерот на Булси му ги дава на момчето по натпреварот.
По деценија и пол складирање, Труман ги понуди патиките на аукција. Тие беа продадени за 104.765 долари. Десет години подоцна патиките се продадени за 10 пати поголема цена. На новата аукција на која биле изложени, непознат купувач платил за нив неверојатни 1.380.000 долари, јавуваат американските медиуми.
Посредник во продажбата беше аукциската куќа „Голдин“.