Година и пол по раскинувањето на петгодишната врска со Анастасија Ражнатовиќ, Ѓорѓе Куљиќ започна ново поглавје во животот.
Имено, младиот бизнисмен, родум од Нови Сад, се ожени со војата избраничка Мила.
Иако младенците сакаа да го сокријат својот најсреќен ден од љубопитната јавност, сепак тоа не им успеа.
На социјалните мрежи се појавија неколку фотографии од интимната прослава организирана во кругот на најблиското семејство и пријателите, а главен „виновник“ е пресреќниот татко на убавата невеста.
Пред еден месец парот објави дека наскоро ќе станат родители и дека со нетрпение чекаат да ја гушнат својата ќерка.
Ѓорѓе и Мила се заедно една година, многу време поминуваа на патувања, а на интернет може да се најдат нивните фотографии од Америка.