петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

НБА лигата со жестока суспензија за „пиштолџијата“ Џа Морант

НБА лигата со жестока суспензија за „пиштолџијата“ Џа Морант

НБА-лигата жестоко го казни Џа Морант откако асот на Мемфис Гризлис по втор пат во текот на една сезона се појави на видео на социјалните мрежи со пиштол во рацете.

Челниците на лигата чекаа официјално да заврши сезоната пред да ја објават конечната одлука, за денеска да биде обелоденето дека Морант е санкциониран со дури 25 натпревари неигрње на стартот од наредната сезона.

„При одлучувањето го земавме во предвид минатото на играчот, како и сериозноста на инцидентот. Не сакавме казната да ја објавиме во текот на плејофот, ќе беше несериозно кон финалистите ако го тргневме фокусот од нив“, изјави Адам Силвер.

Мемфис веќе го суспендираше на неодредено време својот најдобар кошаркар, кој ќе биде и сериозно казнет од финансиски аспект од својот клуб. Како што информираше ЕСПН, Морант ќе биде казнет за кој натпревар од времетраењето на суспензијата, поради што ќе остане посиромашен за 7,5 милиони долари.