вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Дурент и Букер добија нова Ол-стар ѕвезда во тимот на Феникс

Дурент и Букер добија нова Ол-стар ѕвезда во тимот на Феникс

Во Феникс Санс се решени да ги размрдаат работите и уште еден доказ за тоа е големиот трејд кој го прават со Вашингтон Визардс во кој го добиваат Бредли Бил.

Американските медиуми информораа дека Бил доаѓа во Аризона и ќе формира опасно трио со Кевин Дурент и Девин Букер. Од друга страна пак си заминува ветеранот Крис Пол, Лендри Шемет, плус вклучени ќе бидат и неколку пикови.

Со ова Феникс ќе добие нова напаѓачка опција затоа што е Бил е играч кој 11 години беше дел од Визардс, период во кој го носеше тимот, беше еден од најдобрите на теренот.

Трипати беше дел од Ол-стар натпреварите, а настапуваше и за американската селекција со што доволно говори за каков кошаркар се работи.