вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Противници по мерка за македонските претставници во европските купови

Противници по мерка за македонските претставници во европските купови
Денеска во Нион беа извлечени квалификациските двојки за ЛШ и конференциската лига. Македонските претставници добија противници од Литванија, Летонија и Велс. Нашата земја нема претставник во Лига Европа.
Во конкуренција на доста силни противници, македонскиот првак Струга Трим Лум во првото квалификациско коло ќе игра со првакот на Литванија, Жалгирис , екипа која во последните три години е најдобра во својата земја а минатата сезона играше и во групната фаза во конференциската лига.
Македонија ќе има три претставника во конференциската лига. Освојувачот на куп трофејот Македонија ЃП ќе игра против летонскиот претставник РФС Рига додека Шкупи како и Струга ќе игра со претставник на Литванија, овојпат екипата на Хегелман која е без поголемо искуство на европската сцена.
За Шкендија некако традиционално се извлекуваат екипи од Велика Британија.  Екипата од Тетово по ТНС повторно ќе игра со претставник на Велс овој пат малку познатиот Хаверфордвест кој по вторпат ќе игра на меѓународната сцена во својата историја.