Американскиот кошаркар Дрејмонд Грин го одби Голден стејт. Како што пренесува Атлетик, Грин одбил 27,5 милиони долари за сезоната 2023/24 и ќе ги напушти „воините“ за да стане слободен агент.
Грин има 33 години и ја покрива позицијата крилен центар и во текот на кариерата имаше просек од 8,7 поени со 7 скока и 5,6 асистенции или 11,6 поени, 8,9 скока и 6,2 асистенции во плејофот. Тој дојде во Вориорс во 2012 година кога го избраа како 35. пик на драфтот во НБА.
Сега тој ќе биде целосно слободен да избере нова средина и ќе видиме каде ќе одлучи да ја продолжи кариерата, но дефинитивно е дека само што заврши една ера со неговото заминување.