понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Официјално: Тони Крос го продолжи договорот со Реал Мадрид

Официјално: Тони Крос го продолжи договорот со Реал Мадрид

Реал Мадрид потврди дека Тони Крос и во наредната сезона ќе го носи белиот дрес на кралскиот клуб.

Тоа што одамна беше најавено сега е и официјално, Тони Крос потпиша нов едногодишен договор со Реал Мадрид.

„Реал Мадрид и Тони Крос се договорија да го продолжат договор на фудбалерот со клубот до 30 јуни 2024 година“, стои во соопштението на кралскиот клуб.

Тони Крос во Реал Мадрид е од 2014 година и досега има 417 настапи. За девет сезони освои 20 трофеи.