среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Дневен хороскоп за 22 јуни 2023

Дневен хороскоп за 22 јуни 2023

Овен

Венера, владетелот на полето на љубовта и работата, денес влегува на квадрат со Уран, што ви носи можност за ненадејна разделба од партнерот и неочекувани трошоци. Можно преместување или реновирање на станбен или деловен простор. Избегнувајте слатки.

Бик

Напнатиот аспект помеѓу непредвидливиот Уран во вашиот знак и владетелот на полето на личноста, почнувајќи од денес, најавува промени на работното место. На голем собир или прослава, во вечерните часови, ќе се сретнете со харизматичниот Јарец. Чувствително грло.

Близнаци

Добрата позиција на вашиот владетел Меркур на астрлошкото поле на личноста навестува запознавање со Водолија преку социјалните мрежи. Можно обновување на соработката со деловни партнери од прекуокеанските земји. Избегнувајте алкохол.

Рак

Нагласениот знак Лав ви носи шанси да иницирате соработка со странци, но квадратот со Уран ве предупредува добро да ги прецизирате деталите од договорот. Партнерот се обидува да ви ја наметне својата волја, но сепак вашите аргументи се посилни. Чувствителен стомак.

Лав

Поради предизвикувачкиот аспект помеѓу работната планета и Уран на полето на кариерата, избегнувајте расправии со шефовите. Со љубовни планети и Месечина во вашиот знак, вие сте тренди знак и многумина ќе сакаат да бидат во ваше друштво. Алергија.

Девица

Брилијантните аспекти на вашиот владетел Меркур, кој управува и со полето на кариерата, ви носат зголемување на приходите, но и непланирани трошоци. Нагласеното поле на тајни, со љубовни планети и астероиди, навестува средба во тајност. Нервоза.

Вага

Внимавајте на вашите трошоци, поради квадратот помеѓу вашиот владетел, Венера, симболот на парите и Уран, планетата на повисоката моќ. Вечерта, неочекувана покана за излегување доаѓа од харизматичен Лав или шармантен Стрелец. Променете ја исхраната.

Шкорпија

Нагласените полиња на кариера и партнерски односи ви носат нови деловни можности преку соработка со странци, но и љубовни предизвици. Запознавање со личност која може да ви значи повеќе отколку што мислите. Бидете внимателни во сообраќајот.

Стрелец

Со нагласена деветта куќа, повеќе размислувате за одење на одмор отколку за работа, но се добро ќе организирате благодарение на Ракот, Лавот и Близнаците. Колега која долго време тивко страда, ви праќа СМС. Избегнувајте мрсна и зачинета храна.

Јарец

Предизвикувачки аспект помеѓу планетата на парите и ноќниот владетел на вашиот знак, непредвидливиот Уран, предупредува да бидете внимателни со финансиите. Ве очекува романтична средба со млад човек на чиј шарм тешко ќе одолеете. Одморете повеќе.

Водолија

Сонцето на полето на работа и предизвикувачките аспекти на владетелите на вашиот знак, Уран и Сатурн, носат преговори за профитабилен аранжман со странци. Запознавање со шармантна личност на кратко патување или на семинар. Поминувајте повеќе време во природа.

Риби

Со нагласен знак Лав, на работа сте поактивни и поефикасни, особено ако се занимавате со некоја креативна занимање. Аспектите на планетата на љубовта укажуваат на влегување во тајна врска со личност од работа. Подложност на повреди во домот.