петок, 12. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Во Скопје казнети 246 возачи

Во Скопје казнети 246 возачи

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (21.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 246 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 90 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон при управување возило, четири мерки за мимување на затворен сигнал – црвено светло, пет мерки за некористење сигурносен појас…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.