среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повреден пешак: Возач го удрил и избегал- еве ги деталите

Тешко повреден пешак: Возач го удрил и избегал- еве ги деталите

На 21.06.2023 во 21.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Франклин Рузвелт“ и ул.„Руѓер Бошковиќ“, патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(34) од с.Марино, општина Илинден, удрило во В.А.(51) од Скопје, по што го напуштило местото.

По несреќата В.А. била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

По преземени мерки, полициски службеници го пронашле возачот А.С. и го привеле во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.