вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Немања Гудељ отиде на операција за пресадување коса во Турција, а Анастасија фотографирана на шопинг (ФОТО)

Немања Гудељ отиде на операција за пресадување коса во Турција, а Анастасија фотографирана на шопинг (ФОТО)

Немања Гудељ ќе пресади коса за да го скрати визуелно високотo чело. Фудбалерот објави видео од првата посета на лекарот во Турција, додека Анастасија беше снимена како ги поминува деновите низ Белград.

Српскиот фудбалер и партнер на Анастасија Ражнатовиќ, Немања Гудељ објави видео на Инстаграм во кое откри дека во моментов е на операција за пресадување коса во Турција, само еден месец откако го загубија нероденото бебе во петтиот месец од бременоста.

Српските папараци фотографи деновиве ја снимија Анастасија која за првпат по подолго време во јавноста се појави во ведри бои, а пејачката целиот ден го помина во шопинг низ трговски центар во Белград.

Нејзиниот партнер, Немања Гудељ, замина во Турција каде ќе има операција за пресадување коса.

Тој на Инстаграм Стори објави кратко видео во кое покажа како изгледала првата средба со лекарот, а од снимката може да се открие дека фудбалерот планира да пресади коса со цел да го смали челото.

Инаку, неодамна, мајката на Анастасија, фолк дивата Цеца во една од епизодите на реалното шоу „Цеца и деца“ откри дека Анастасија планира подолг период да остане во Белград.

Таа откри дека летово Анастасија и Немања ќе одат на одмор, а кога фудбалерот ќе замине на подготовки во САД, младата госпоѓица која сѐ уште е Ражнатовиќ ќе се врати во Белград.

Погледнете уште неколку фотографии од Немања споделени на Инстаграм профилот на болницата каде што пресадува коса:

извор: crnobelo

фото: YouTube – принтскрин

Најнови вести