вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

УЕФА ја исфрли Осасуна од Европа

УЕФА ја исфрли Осасуна од Европа

УЕФА одлучи да ја суспендира шпанската Осасуна од Конференциската лига, која клубот ја освои со пласманот во Ла Лига во штотуку завршената сезона. Причина е случајот со наместени натпревари од 2013 година, во кој беше инволвирана тогашната клупска управа.

Да потсетиме, во натпреварот од последното, 38. коло на шпанскиот шампионат, Осасуна ја совлада Џирона со двата гола на 31-годишниот хрватски напаѓач Анте Будимир и со таа победа го освои седмото место во Ла Лига кое води до квалификациите за Конференциската лига. За Осасуна тоа е најдобар пласман по 11 години.

Шпанскиот Врховен суд ги изрече пресудите на кои се повика УЕФА, но Осасуна излезе со соопштение во кое се наведува дека во одлуката на судот јасно е наведено дека неколку поединци од раководството на клубот местирале натпревари во тајност, без знаење на собранието на клубот.

Тие најавија жалба на одлуката на чадорот на европската фудбалска организација, за која велат дека е „силна со слабите и слаба пред силните“, алудирајќи на побогатите клубови кои претходно ги прекршиле правилата, но биле казнети само парично или со привремена забрана на трансфери. Доколку се потврди казната на Осасуна, корист ќе има осмопласираниот Атлетик Билбао, кој наместо тоа би играл со Европа.