Кошаркарскиот стратег Дејан Радоњиќ е најсериозен кандидат за преземање на тренерското место во кошаркарскиот клуб Будуќност.
Стратегот е подготвен за камбек во регионалното натпреварување и веќе имал неколку состаноци со највисокото раководство на Будуќност, при што кај двете страни има сериозна желба за соработка, јавува Радио-телевизија Црна Гора. Радоњиќ е без ангажман откако доби отказ во Панатинаикос во текот на минатата сезона.
Тимот од Подгорица во последните месеци отпушти двајца тренери, најпрвин Владимир Јовановиќ, а потоа и Петар Мијовиќ, па останува да се види дали Будуќност ќе постигне целосен договор со Радоњиќ, со што дефинитивно ќе ги потврди и високите амбиции за наредната сезона.