четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Уапсен тренерот на ПСЖ

Уапсен тренерот на ПСЖ

Тренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие беше уапсен денеска. Обвинет е за расизам и дискриминација.

Додека чекаше клубот да ја најде неговата замена, тој e приведен со неговиот син по пријава на спортскиот директор на Ница, Жулиен Фурние.

Џон Валовиќ Галтие и неговиот татко ќе поминат 48 часа во истражен затвор. Во тој период ќе биде донесена одлука дали официјално ќе бидат уапсени или пуштени до судско рочиште.

Француската полиција започна истрага за неговото време во Ница.

Фурние рече дека го пријавил Галтие затоа што изнел дискриминаторски, расистички и хомофобични изрази и навреди. Наводно му испратил мејл на неговиот претпоставен Дејвид Брејлсдорф, во кој изјавил дека во тимот не треба да има толку многу муслимани и фудбалери со темна кожа.