четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ПСЖ купува во Бундес лигата

ПСЖ купува во Бундес лигата

Најбогатиот европски ракометен клуб ПСЖ, го промовираше новото засилување за новата натпреварувачка сезона. Во тимот на Раул Гонзалез пристигнува искусниот репрезентативец на Данска, Јакоб Холм.

Средниот бек, кој интернационалната кариера ја градеше во Фуксе Берлин и во Бундес лигата мина пет сезони, реши да ја прифати понудата од „светците“ и во ПСЖ ќе остане најмалку три сезони.

Данецот во тимот на ПСЖ ќе настапува со неговиот сонародник, голманот Јаник Грин, кој исто така има играно во Бундес лигата.

ПСЖ претходно го ангажираше Кент Робин Тонесен од ПИК Сегед и Рубин Марчан од Нант.