Англискиот прволигаш Њукасл официјално го потврди големото засилување кое доаѓа од редовите на Милан, Сандро Тонали.
Веќе некое време се знаеше дека Тонали ќе слета на „Стемфорд Бриџ“, ама сега тоа е потврдено со што е испишана нова историја. Њукасл за играчот за врска ќе плати 70 милиони евра (плус бонуси) и со тоа Сандро стана најскапо платен Италијанец на сите времиња.
Договорот е повеќегодишен, поточно Сандро се договори за соработка до 2028 година.
Benvenuto, Sandro! 👋🇮🇹 pic.twitter.com/IulFBuq77B
— Newcastle United FC (@NUFC) July 3, 2023
-Прво сакам да му се заблагодарам на Њукасл затоа што ми дава голема можност за мојата кариера. Сакам да се оддолжам за довербата на теренот, давајќи се од себе како и секогаш. Навистина сум возбуден што ќе играм на Сент Џејмс Парк, едвај чекам да ја почувствувам топлината на навивачите, -порача Тонали.
Ова воедно е и рекордна продажба за Милан, па сега на играчот останува да ги оправда средствата и довербата со тимот со кој ќе игра во ЛШ.