четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Турчин со остар предмет повредил арачиновец, па продолжил да напаѓа луѓе

Турчин со остар предмет повредил арачиновец, па продолжил да напаѓа луѓе
илустрација

На 04.07.2023 во 17:15 часот на подрачјето на Центар полициски службеници го лишиле од слобода И.К.(39) од Р.Турција, поради тоа што физички го нападнал В.Р.(25) од с.Арачиново, скопско и со остар предмет го повредил.

Исто така, пријавениот, заедно со уште три лица физички ги нападнале и Б.Б.(20), Ј.Б.(31) и М.Д.(41), сите од с.Батинци, скопско кои биле со В.Р..

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.