Напаѓачот на Атлетико Мадрид и на шпанската репрезентација, Алваро Мората, во следната сезона најверојатно, повторно ќе игра во Серија А.
Италијанскиот новинар Фабрицио Романо, објави дека напаѓачот на Атлетико е на мета на Милан кој бара замена за Златан Ибрахимовиќ, кој по завршување на сезоната објави дека заминува во пензија.
Медиумите во Италија, одат чекор подалеку и објавија дека агентите на Мората веќе се наоѓаат во Милано, и се очекува во наредните денови да се договори трансферот и Шпанецот повторно да игра во Серија А.
Мората од 2020 до 2022 година го носеше дресот на Јувентус кој е голем ривал Милан, а минатата сезона за Атлетико Мадрид постигна 15 гола.