Поранешниот европски кошаркарски шампион Анадолу Ефес остана без услугите на еден од своите најдобри играчи Василија Мициќ кој реши да се пресели во НБА лигата и во иднина ќе биде дел од Оклахома Сити Тандер.
Неговото заминување е проблем за турскиот прволигаш кој ќе мора да најде достојна, квалитетна замена, играч кој во исто време ќе знае да биде ефикасен, но и да ја разигрува екипата кога е потребно.
Според последните информации клубот од Истанбул ќе го доведе Дариус Томпсон кој имаше квалитетна сезона во Басконија. Томпсон беше прогласен на најдобар „руки“ во Евролигата, поточно во дебитанската кампања во ова натпреварување имаше учинок од 12,6 поени, 3,2 скока и 6,7 асистенции по натпревар.
Проблем за Ефес е тоа што и Олимпија Милано е заинтересирана за Америкецот кој во исто време се надева дека би може да добие понуда и од НБА лигата.