четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Далас подготвува нов трансфер за претстојната сезона

Далас подготвува нов трансфер за претстојната сезона

НБА тимот на Далас Маверикс го ангажира Грант Вилијамс во размена на кошаркари со три тимови од НБА-лигата.

Вилијамс потпиша четиригодишен договор со Далас и ќе биде засилување за екипата од Тексас во битката за шампионскиот прстен.

Далас неодамна објави дека ќе остане и Кајри Ирвинг, покрај најголемата ѕвезда Лука Дончиќ, а наскоро се очекува уште некое засилување на тимот.

Бостон за потписот на Вилијамс доби повеќе избори од вториот круг на драфтови, додека Сан Антонио го доби Реџи Булок и изборот на Далас на драфтот во 2030 година.

Вилијамс може да игра како крилен центар, а досега во просек постигнуваше по 8,1 поен и 4,6 скокови по натпревар.