недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ПСЖ верува дека Мбапе веќе се има договорено со Реал за беспари да се пресели во Мадрид

ПСЖ верува дека Мбапе веќе се има договорено со Реал за беспари да се пресели во Мадрид

Како што пренесува Радио Монте Карло, раководството на ПСЖ верува дека Килијан Мбапе веќе има договор со Реал за беспари да се пресели во Мадрид летото во 2024 година.

Килијан Мбапе не сака да ја активира клаузулата за продолжување на соработката со ПСЖ до 2025 година, па доби ултиматум од „светците“, или ќе стави потпис на нов договор, или ќе биде продаден до крајот на летото.

Но се чини дека напаѓачот има други планови, како што пренесува Радио Монте Карло, раководството на ПСЖ верува дека фудбалерот веќе има договор со Реал за беспари да се пресели во Мадрид во 2024 година. Наводно веќе е направен „дил“ лично со претседателот Флорентино Перез.

ПСЖ сепак нема да се предаде и ќе се обиде да го предомисли Килијан Мбапе.