петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Дариус Томпсон потпиша на три години со Анадолу Ефес

Дариус Томпсон потпиша на три години со Анадолу Ефес

Кошаркарскиот тим Анадолу Ефес ја доведе замената за Василије Мициќ, кој замина во НБА лигата.

Нов кошаркар на турската екипа е Дариус Томпсон. Како што веќе се најавуваше, Американецот доаѓа од Басконија.

За тоа шпанскиот тим ќе добие 550.000 евра. Томпсон парафира соработка на три години со Ефес.

Минатата сезона во Еврлигата, Томпсон кој дебитираше во ова натпреварување имаше просек од 12,6 поени, со 6,7 асистенции. Низ кариерата претходно тој беше дел од Локомотив Кубан, Лајден и Њу Баскет Бриндизи.