вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ПСЖ прави голема чистка – 12 фудбалери одат на продажба!

ПСЖ прави голема чистка – 12 фудбалери одат на продажба!

Луис Енрике ќе добие речиси нов тим, ПСЖ планира да се ослободи дури од 12 фудбалери ова лето, несметајќи го Килијан Мбапе.

Иднината на Килијан Мбапе е големото отворено прашање на „Паркот на принцовите“ ова лето, но ПСЖ има голем број на фудбалери на кои не смета сериозно и ќе се обиде да им најде нов клуб до крајот на преодниот рок.

Како што пренесува Л’Екип, дури 12 фудбалери ќе бидат ставени на трансфер листа.

На излезна врата се Мауро Икарди, Леандро Паредес, Кејлор Навас, Јулијан Дракслер, Абду Диало, Колин Дагба, Хуан Бернат, Лајвин Курзава, Уго Екитике, Џини Вајналдум, Тимоти Пембеле и Ел Шадај Бишиабу.