среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Грег Попович го потпиша најголемиот договор во историјата на НБА-лигата

Грег Попович го потпиша најголемиот договор во историјата на НБА-лигата

Легендарниот Грег Попович во Сан Антонио е од 1996 година и овој тим го предводеше до пет титули во НБА.

Се очекуваше Попович да се пензионира на крајот од минатата сезона, но сепак тој не само што не го стори тоа, туку и го потпиша најголемиот договор во тренерската историја на НБА.

Спарс ќе му платат повеќе од 80 милиони евра за петгодишното продолжување на соработката, што е рекордна бројка за тренер во НБА.

Пред неколку дена најголемиот тренерски договор во историјата го потпиша Монти Вилијамс, кој шест години доби 78,5 милиони долари од Детроит Пистонс, но неговиот рекорд кратко траеше.