понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ПСЖ потпиша со Јужнокореец

ПСЖ потпиша со Јужнокореец

Јужнокорејскиот фудбалер Ли Канг-ин е нов фудбалер на ПСЖ, објави францускиот првак.

Ли е првиот јужнокорејски фудбалер кој потпиша договор со ПСЖ, а во клубот од Париз доаѓа од редовите на шпанска Мајорка.

Претходно настапуваше за Валенсија.

Финансиските детали околу трансферот не се соопштени.

За репрезентацијата на Јужна Кореја, 22-годишниот офанзивен играч за врска досега одигра 14 натпревари, од кои четири на последното Светско првенство во Катар.