четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Барселона ги договори браќата Ернангомез

Барселона ќе има доволно финансиски средства да формира квалитетен тим, изјави претседателот на клубот Жоан Лапорта, а овој пат има потврда дека каталонскиот гигант нема да се откаже од трофејот во Евролигата.

Каталонците објавија дека Вили Ернангомез решил да ја прифати понудата на Барселона, а по истиот чекор се одлучил да оди и неговиот брат Хуанчо Ернангомез.

Буџетот на клубот за следната сезона ќе биде намален од 40 милиони на 30 милиони, што е доволно за да се изгради одличен тим.