вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Руди Фернандез го најави своето пензионирање

Руди Фернандез го најави своето пензионирање

Шпанскиот кошаркар Руди Фернандез, изјави дека официјално ќе стави крај на својата богата кариера по завршувањето на Олимписките игри кои следната година ќе се одржат во Париз, Франција.

Шпанските медиуми објавија дека кошаркарот му дал ветување на својот покоен татко дека последен турнир во кариерата ќе му бидат Игрите во Париз, а Фернандез ќе се обиде да стигне до уште едно злато со својата национална селекција.

„Му ветив на мојот татко и сакам да го исполнам ветувањето. Мој последен турнир во професионалната кариера ќе бидат Олимписките игри. Сакам на најубав можен начин да се пензионирам, а идеалната варијанта би била да се вратиме дома со златниот медал околу вратот. Имам уште една година од договорот со Реал Мадрид и со задоволство ќе играм до самиот крај“, изјави Фернандез.