Поранешниот спортски директор на ПСЖ, Леонардо има низа критики за Килијан Мбапе, смета дека тој никогаш не може да биде лидер на еден тим.
Мбапе е во центарот на вниманието на трансфер пазарот и ова лето. Напаѓачот нема да го продолжи договорот со ПСЖ, а неизвесно е дали ќе си замине сега со обесштетување или следниот летен преоден рок како слободен играч.
Поранешниот спортски директор на ПСЖ, Леонардо има само критики за Мбапе.
„Мислам дека Мбапе треба да си замине од ПСЖ, без разлика на се. ПСЖ постоел и пред Мбапе, ќе постои и после него. Тој тука е шест сезони, и пет клуба ја освоија Лигата на шампионите во тој период. Ниту еден од нив во составот го немаше Мбапе“, вели Леонардо.
„Со своето однесување во изминатите години, Мбапе покажа дека не може да биде лидер на тим. Тој е одличен фудбалер, но не е лидер. Одличен голгетер, но не и креатор, тешко е да се гради тим околу него“.