четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Брахим откри каков совет добил од Анчелоти по враќањето во Реал

Брахим откри каков совет добил од Анчелоти по враќањето во Реал

Брахим Диаз се врати во Реал Мадрид по неколку сезони минати во редовите на Милан, а тој беше дел од првата група фудбалери кои се појавија на стартот на подготовките за новата сезона.

Диаз веќе напорно тренира под водство на Карло Анчелоти и ќе се обиде да се наметне кај италијанскиот стручњак, очекувајќи да има важна улога во екипата во новата сезона.

Самиот фудбалер им открил на медиумите кој бил првиот совет кој го добил од Анчелоти пред неколку дена.

– Анчелоти побара од мене да уживам и да се обидам да ја извлечам својата најдобра верзија.

– Сакам да му помогнам на тимот на било каков начин, се надевам дека ќе научам многу од квалитетните соиграчи и среќен сум што можам да соработувам со Анчелоти, – истакнал Диаз.