Шпанскиот репрезентативен голман Давид де Хеа е можно засилување за Пари Сен Жермен, објави „Л’Екип“. Тој е слободен играч откако му истече договорот со Манчестер Јунајтед.
Покрај Де Хеа, Пари Сен Жермен размислува и за Кепа Аризабалага од Челси и за Хуго Лорис од Тотенхем. Идејата на новиот тренер Луис Енрике е да привлече голман, кој ќе се бори за местото стартер со Џанлуиџи Донарума.
Серхио Рико беше резерва на Донарума минатата сезона, но тој долго време ќе биде надвор од терените по несреќата што ја имаше по пад од коњ.