вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Јака Блажиќ се враќа во Словенија

Јака Блажиќ се враќа во Словенија

Словенечкиот кошаркар Јака Блажиќ се враќа во тимот на Цедевита Олимпија , јавуваат регионалните медиуми.

Ова за него ќе биде враќање во АБА лигата после една сезона мината во дресот на турскиот клуб Башакшехир.

Изминатата сезона беше една од најслабите во кариерата на Словенецот, бележејќи скромен просек од 5,2 поени по натпревар.

Јака Блажиќ имаше проблеми со грбот кои долго го мачеа, пропушти и дваесетина натпревари, а сега во Цедевита се очекува да има голема минутажа и ќе се обиде да се врати во препознатливиот ритам.