Утринава во 5 часот на ул. „Алексо Демниевски“ во Велес В.Н.(19) од Велес додека управувал мопед „Априлија“ со велешки регистарски таблици.
На коловозот паднал 17-годишен сопатник од мопедот. По незгодата, со возило на итна медицинска помош тој бил пренесен во Општата болница во Велес каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Велес и се работи на целосно расчистување на случајот.